Македонија
29. јуни 2021 - 16:12

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Хрватска

Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре – 30 јуни и 01 јули 2021 година, среда и четврток, ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Хрватска.

Во Загреб, утре - 30 јуни 2021 година, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Република Хрватска.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Парламентот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ и со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Во четврток - 01 јули 2021 година, претседателот Пендаровски ќе се обрати на билатерална деловна средба – со фокус на инвестиции, која се организира во соработка со Хрватската трговска комора, а на која ќе присуствува и македонска бизнис делегација.

За време на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.