Претседателот Пендаровски во Њујорк се обрати на Самитот за Целите за одржлив развој
Претседателот на државата Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното Собрание на Обединетите Нации, денеска присуствуваше на отворањето на Политичкиот форум на високо ниво за одржлив развој под покровителство на Генералното Собрание и се обрати на лидерскиот дијалог „Зголемување на активностите на клучните транзиции за да се забрза напредокот на Целите за одржлив развој“.
Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакнал дека со поддршка на агенциите на ОН и донаторска поддршка, постигнавме напредок во постигнувањето на Целите за одржлив развој и државата утврди три главни национални обврски: инвестирање во развивање на вештините за иднината како предуслов за економски раст, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија за поддршка на климатската акција и енергетската одржливост и усвојување на Националната развојна стратегија, која заедно со Рамката за развој МКД2030 треба да ги рационализира сите Цели за одржлив развој во македонското општество.
- Акумулираните ризици и кризи на денешницата се само предзнак на иднината што го чека нашиот свет доколку навреме не ги спроведеме Целите за одржлив развој. Само со смели, амбициозни и праведни постапки можеме да избегнеме такво сценарио, истканал Пендаровски.
Северна Македонија, нагласил, ја усвои Рамката за соработка за одржлив развој 2021-2025 година, а со поддршка на агенциите на ОН и донаторска поддршка, постигнавме напредок во постигнувањето на Целите за одржлив развој и утврдивме три главни национални обврски.
За инвестирање во развивање на вештините за иднината како предуслов за економски раст, рекол Пендаровски, ни е потребно образование приспособено на потребите на пазарот на трудот, намалување на родовиот јаз во областите на СТЕМ и создавање работни места за младата, дигитална генерација.
- Второ, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија за поддршка на климатската акција и енергетската одржливост во согласност со зајакнатите национално-определени придонеси, Националната стратегија за енергетски развој и Долгорочната стратегија за климатска акција. Трето, усвојување на Националната развојна стратегија, која заедно со Рамката за развој МКД2030 треба да ги рационализира сите Цели за одржлив развој во македонското општество преку градење консензус кој ги надминува етничките, верските, генерациските и политичките разлики, потенцирал шефот на државата.
Пендаровски нагласил дека доброто владеење, владеењето на правото и антикорупцијата се клучни за оваа цел.
Според него, со исполнување на овие заложби ќе постигнеме три цели.
Прво, ќе придонесеме за побезбедна и поодржлива планета. Второ, ќе спроведеме 70 проценти од критериумите за членство во Европската Унија. Нашата европска иднина, рекол, во суштина е заснована на одржлив развој. И трето, оценил претседателот Пендаровски, ќе се справиме со нашиот најитен предизвик – масовното иселување на младите луѓе. Успехот на нашите заложби за Целите за одржлив развој за создавање праведно, инклузивно и издржливо општество ќе се мери со подготвеноста на нашите млади луѓе да ја замислат својата иднина во својата татковина.
- Не смееме да си дозволиме да чекаме поповолни услови за спроведување на Целите за одржлив развој. И нема да чекаме! Мора да го направиме - во името на сегашните и идните генерации, е пораката што ја упатил претседателот Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ