Претседателот Пендаровски покровител на франкофонските активности во 2020 година
Претседателот на државата Стево Пендаровски на денешната средба со претставници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и на Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија по повод одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Меѓународната организација на Франкофонијата, ја прифати поканата да биде покровител на франкофонските активности во нашата држава во 2020 година.
На средбата професорките го информирале Претседателот за активностите на здружението во пресрет на одбележувањето на 20 март – Меѓународниот ден на франкофонијата и на 50-годишнината од формирањето на Меѓународната организација на Франкофонијата, за статусот на изучувањето на францускиот јазик и култура во земјава, како и за едукативните и културните активности на здружението во воспоставувањето на македонско-француските врски.
Како што соопштија од Кабинетот, претседателот Пендаровски го истакнал значењето што Република Македонија го дава на членството во Франкофонијата, преку прифаќање на темелните принципи и вредности на оваа организација, кои се во корелација со стратешките определби на државата за членство во Европската Унија и во НАТО.
Во тој контекст, Пендаровски се осврнал и на поставувањето на амбасадорот Пајо Авировиќ на должноста специјален пратеник на претседателот на Република Македонија при Постојаниот совет на Меѓународната организација на Франкофонијата кон крајот на минатата година.
Ново на Сител
-
ФК Силекс со бесплатен превоз за домашниот натпревар со ФК Дечиќ
-
Маж од Скопје со 1.34 промили алкохол во крвта возел туѓ автомобил во спротивна насока, предизвикал сообраќајка
-
Трамп го свикува Национален совет за безбедност заради Иран
-
Победнички старт на Ивановски на челинџерот во Франција
-
Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот
-
Разговор Муцунски-Калас за евроинтеграцијата, регионалното поврзување и состојбата на Блискиот Исток
-
Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
-
Жител на Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива