Претседателот нареди убивање на наркоманите: Тече крв по улиците, на нив лежат тела на мртви дилери
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте му вети на народот дека ќе се реши од криминалците и трговијата со дрога поради која умираат повеќе илјади луѓе. Меѓутоа, под тоа не мислел дека ќе ја земе работата во свои раце, туку предложи граѓаните да ги убиваат дилерите, а за возврат ќе добијат богати парични награди.
Во текот на минатиот месец на улиците Филипини се пронајдени најмалку 300 безживотни тела. Некои дилери биле убиени од полицајци, додека други ги усмртиле луѓе кои живеат на различни на оваа земја.
Инаку пред неколку месеци, Роберто ги повика граѓаните кои поседуваат оружје да пукаат во дилерите на дрога кои се спротиставуваат на апсење, а тоа ќе бидат доста добро наградени.
Тој во својот говор кој го пренесуваше националната телевизија предупреди на доста застапената трговија со наркотици во таа земја, во која е и полицијата вклучена.
„Ако дилер се спротиставува на апсење или одбива да дојде во полициска станица и ги загрозва граѓаните со пиштол или нож, пукајте во него и ќе ви дадам медал“, наведе тој.
Дутерте побара од три полициски генерали во престолнината Манила, да поднесат оставки поради вмешаност во злосторства, но не прецизираше точно какви.
Роберто во текот на својата претседателска кампања ветил дека најмалку 100.000 наводни криминалци ќе бидат уапсени или убиени, а на улиците на Филипини во последно време може да се видат тела кои лежат во локви крв.
Убиените луѓе се дилери или припадници на полицијата барем се сомневале дека се поврзани со наркотици, па ги усмртиле.
Претседателот Роберто рекол дека секој кој ќе усмрти личност врзана со дрога, ќе биде богато награден. Доколку убијат дилер ќе добијат 56.000 долари, за луѓето кои се под дилерите 28.000 долари, а за малите трговци 1.400 долари.
Многу официјални лица се побуниле и кажале дека оваа крвава акција мора да престане.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години