Претседателот на Парагвај поднесе оставка за да положи заклетва како сенатор
Претседателот на Парагвај Орасио Картес поднесе оставка три месеци пред истекот на неговиот мандат во август, за да положи заклетва како сенатор.
Потпретседателката Алисија Пучета ќе стане привремен претседател до крајот на петгодишниот мандат на Картес.
Според уставот на Парагвај, сите поранешни претседатели автоматски стануваат доживотни сенатори, но без право на глас.
Но Картес освои место во Сенатот на изборите минатиот месец и Врховниот суд се произнесе дека тоа е легално. Во тој случај тој мораше да поднесе оставка како претседател за да положи заклетва во јуни како сенатор, за да може да учествува на седницата на новиот парламент.
Избраниот за претседател Марио Абдо Бенитез, кој исто како Картес е член на владејачката десничарска партија Колорадо, ќе стапи на должност на 15 август.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата