Претседателот на „Либераланд“: Бегалците можат кај нас, но само ако платат 10.000 долари

Основачот на т.н. микродржава Либерланд, Вит Једличка е подготвен е да ги прифати сириските бегалци, но под услов тие да платат 10.000 долари.
Чешкиот политичар и самопрогласен претседател на Слободна република Либерланд одлучи да ја искористи можноста и да ја подобри состојбата на неговата држава, како економски, така и смисла на претставување во медиумите.
Во разговор за „Дејли мејл“ тој истакна дека од април кога ја прогласи државата на островот околу кој се спорат Хрватска и Србија, доби околу 380.000 барања за државјанство на површината на седум квадратни километри полни со комарци.
Тој не отстапува од планот тоа парче територија да го претвори во ново Монако или Лихтенштајн и тврди дека и денес прима по едно барање за државјанство во минута.
Тој тврди дека до сега се добиени се повеќе од 20.000 барања на сириски државјани, а „Дејли мејл“ тоа го споредува со четири илјади барања до Велика Британија.
Једличка посочи дека бегалците се добродојдени, но под услов да платат.
- Тоа е многу чувствително прашање, затоа што голем број бегалци ја поминуваат границата недалеку од Либерланд. Имаме 22.000 пријави од Сирија, ако сакаат да дојдат и да и помогнат на Либерланд да застане на нозе, добродојдени се. Тие мораат да ја делат нашата визија за слобода, нагласи тој.
Ново на Сител
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
