Македонија
9. January 2021 - 18:54

Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски хоспитализиран поради коронавирус

Претседателот на Комисијата за заразни болести Др. Жарко Караџовски е хоспитализиран во болница поради коронавирусот. Од Клиниката за заразни болести потврдуваат дека Караџовски заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба без потреба од кислородна поддршка и се лекуваат само со лекови. Караџовски кој е позитивен на коронавирусот претходно и самиот потврди дека има и други здравствени проблеми, но сепак не се повлече од челото на Комисијата.