-->
-->
Претседателот на ФФМ во организацискиот одбор на ФИФА за сите натпреварувања
-->
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски доби нова функција во еден од најзначајните комитети кои функционираат во рамките на ФИФА, Организацискиот комитет за сите натпреварувања, информира ФИФА преку своето службено гласило.
Ѓорѓиоски е избран за член на Организацискиот комитет на ФИФА натпреварувањата за период од јануари 2017 година до јануари 2021 година.
Претседател на ова тело во следните четири години ќе биде претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Изборот ова тело, следи по направени ригорозни контроли од страна на ФИФА, УЕФА и истражните органи за интегритетот на личноста.
Согласно прецизно утврдените одговорности, овој Комитет во следниот четиригодишен период ќе биде задолжен за организација на Светските првенства во фудбал за сениори, ФИФА Купот на конфедерациите, Олимпискиот фудбалски турнир во 2020 година во Токио, Светското првенство за играчи до 20 години, Светското првенство за жени, Светското првенство за играчи до 17 години, Светското првенство во футсал, Светското првенство за фудбалерки до 20 и до 17 години, и Светското ФИФА клупско натпреварување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Блумберг: Путин поставува максималистички барања до Украина и е подготвен да продолжи со војната
-
Зеленски: САД треба да ја убедат Русија да го прифати прекинот на огнот
-
Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика
-
Тетовчанец приведен за подметнување на пожар
-
Макрон: Франција истовремено треба да се бори со геополитичките и терористичките закани
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец