-->
-->
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го повика Зеленски на самиот на лидерите на ЕУ
-->
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска го покани претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на самитот на лидерите на земјите-членки на ЕУ.
„Го поканив претседателот Володимир Зеленски на самитот на Европскиот совет во четврток, 17 октомври, за да ги разгледаме најновите настани во руската војна против Украина и тој да го претстави својот план за победа“, напиша Мишел на платформата Х.
Од 17 до 18 октомври во Брисел ќе се одржи состанок на Европскиот совет на кој лидерите на ЕУ ќе разговараат за развојот на ситуацијата во Украина и за другите важни прашања од внатрешната и надворешната политика на Европската унија.
Зеленски претходно изјави дека „Планот за победа“ ќе биде јавно претставен оваа недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место