Претседателот на ЕП, Сасоли во посета на Тирана

Прва негова средба ќе биде со амбасадорот на делегацијата на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца, а потоа со премиерот Еди Рама, по што ќе одржат заедничка прес конференција. Пред 15 часот ќе се сретне со спикерот на парламентот Грамоз Ручи и со координаторите на пратеничките групи, а во 15:15 часот ќе се обрати пред пратениците во албанскиот законодавен дом. Во 16:00 часот планирана е средба со шефот на државата Илир Мета.
Утрешното препладне Сасоли ќе го резервира за вонпарламентарната опозиција. Ќе се сретне со Љуљзим Баша, лидер на Демократска партија и Моника Круемади на Социјалистичкото движење за интеграција.
Пред неговата посета тој изјави дека доаѓа во Албанија за да даде надеж за иднината по тешките месеци што ги поминала, но и да ја потврди и поддршката на ЕП за започнување преговори со Албанија и со Северна Макдонија.
-Одам во Албанија за да ги охрабрам и да дадам надеж за иднината по неколкуте тешки месеци за земјата. Би сакал да ја потврдам силната поддршка на Европскиот парламент за започнување разговори за пристап со Албанија и Северна Македонија. И двете земји постигнаа голем напредок, во согласност со нашите очекувања,посочил Сасоли.
Тој во Албанија требаше да престојува на 2 и 3 декември, но посетата ја одложи поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември.
Истата ја најави на почетокот на ноември кога ја најави и посетата на Северна Македонија,каде престојуваше на четврти ноември.
Тој тогаш изјави дека ЕП ги поддржува народот на Албанија и на Северна Македонија, повикувајќи ги да не се предаваат, дури и по одлуката на Советот да не се отворат преговори.
Ново на Сител
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
