Претседателот на чешкиот Парламент во посета на Македонија
Претседателот на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република Јан Хамачек денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Хамачек ќе има средба со неговиот домаќин претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски и ќе се обрати пред македонските пратеници.
Во тек на посетата Хамачек ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов, ќе се сретне со пратеничката група за соработка со Парламентот на Чешката Република и ќе положи цвеќе пред Споменикот на чешкиот војник - Роберт Гајдик и пред Споменикот на паднатите херои за Македонија.
Во состав на чешката делагација се и Јан Бартошек, потпретседател на Домот на пратеници на парламентот на Чешката Република, како и пратениците Ладислав Велебни, Зденек Соукуп, Павел Ковачик, Ром Кострица, Марек Бенда и Марек Чернок.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје