Претседателот Иванов во посета на Швајцарската Конфедерација

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска до 16-ти овој месец ќе престојува во работна посета на Швајцарската Конфедерација, по повод неговото учество на форумот „Кран Монтана“, што се одржува во Женева.
Иванов, како што информира неговиот кабинет, ќе се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот „Кран Монтана“ на тема „Глобални закани за безбедноста и тероризам, меѓународна и регионална соработка и превенција од конфликти, одговор на прашањето за заканите врз меѓународниот бизнис“.
Македонскиот претседател ќе има обраќање и на специјалната пленарна сесија на тема „Западниот Балкан како нова рута на мигрантите кон Западот“.
За време на работната посета на Швајцарската Конфедерација, предвидено е претседателот Иванов да оствари средби со високи претставници на ООН и ќе ја посети Школата за дипломатија и меѓународни односи во Женева.
Форумот „Кран Монтана“ е основан во 1986 година со цел да обезбеди широка меѓународна соработка и поврзување на економските чинители на светско ниво, како и да придонесе кон глобалниот економски раст, воедно обезбедувајќи стабилност, еднаквост и безбедност. Активностите и настаните во рамки на Форумот се насочени кон создавање платформи кои ќе им овозможат на политичките и бизнис лидери да ги имплементираат своите стратегии, да ги зајакнуваат партнерствата и да развиваат нови можности за соработка. Форумот тесно соработува со меѓународни институционални партнери, како агенциите на Обединетите нации, Европската унија и Советот на Европа.
Темите на дискусија на годинашниот форум се фокусирани на мигрантската криза, глобалната безбедност, заканите од организиран меѓународен криминал, екстремизам и радикализам.
За личниот придонес на претседателот Иванов и неговите активности и достигнувања во сите општествени области, како и за неговата посветеност во одбрана на фундаменталните слободи, организаторите на форумот „Кран Монтана“ во 2014 година на претседателот Иванов му ја доделија специјалната „Награда на Фондацијата“.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма
-

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право
-

Зеленски: Безбедносните гаранции се клучни за завршување на војната
-

Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за ризици
-

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес
-

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
