-->
-->
Претседателот Иванов во посета на јужната граница
-->
Претседателот Ѓорге Иванов, кој е и врховен командант на вооружените сили, денеска ја посети јужната граница при што од припадниците на АРМ на караулата Богородица беше информиран дека во изминатите три месеци е спречен обид на околу 3.300 илегални преминувања кои во најголем дел доаѓаат од Блискиот Исток.Иванов го посети и привремениот транзитен центар во Гевгелија, каде беше информиран за работата на хуманитарните организации, а разговараше и со мигранти кои престојуваат во транзитниот центар и се информираше за условите и третманот кои тие го добиваат за време на нивниот престој во центарот. Претседателот Иванов се сретна и со полициските припадници на странски држави, кои како поддршка на македонските безбедносни сили се распоредени во контролирањето на теренот на јужната граница.
Во рамки на посетата на јужната граница, македонскиот претседател ги посети и објектот за сместување на припадниците на АРМ во Богданци и караулата Езеро во Дојран. Притоа беше информиран за моменталните состојби, предизвиците и начинот на ангажирање на припадниците, во однос на справување со обидите за илегални преминувања на тој дел од нашата јужна граница, како и за условите за сместување и работа на припадниците на АРМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
-

Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар
-

Ѓорѓиевски по изборот на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова раководство ќе ја испише историјата, нè очекува многу работа
-

Поради магла, намалена видливост до 100 метри на Стража и Маврово и до 60 метри на патот Гевгелија – ГП „Богородица“
-

Трамп се заканува со царини за трговските партнери на Иран
-

Отворени 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина
-

Променливо облачно и релативно топло, со слаб локален дожд
