Претседателот Иванов во посета на Азербејџан
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, престојува во работна посета на Република Азербејџан, по повод неговото учество на 6. Глобален Баку форум во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“.
Како што соопштија од неговиот кабинет, Иванов ќе се обрати на 6. Глобален Баку форум кој годинава се одржува на тема „Премостување на разликите за создавање на инклузивни општества“.
На глобалниот форум најавено е учество на претседателот на Република Албанија Илир Мета, на членот на претседателството на БиХ Младен Иваниќ, на претседателот на Република Молдавија Игор Додон, на турскиот премиер Бинали Јилдирим, на повеќе поранешни претседатели, премиери и министри, како и на голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, универзитетски професори и претставници на Програмата за млади лидери.
Иванов во рамки на 6. Глобален Баку форум, е предвидено да оствари средби со повеќе учесници на форумот.
Ново на Сител
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура