Македонија
13. March 2016 - 9:22

Претседателот Иванов во официјална посета на Египет

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во официјална посета на Арапската Република Египет.

Иванов во Каиро ќе оствари средба со египетскиот претседател, Абдел Фатах Ал Сиси, а ќе се сретне и со претседателот на Парламентот Али Абдел-Ал.

Во рамки на официјалната посета утре Иванов ќе учествува на бизнис форум за презентација на инвестициските можности во Македонија и јакнење на економската соработка со Арапската Република Египет.

Предвидено е претседателот Иванов да ја посети Александриската библиотека.

Во тек на посетата претседателот ќе биде придружуван од сопругата Маја, а во делегацијата е и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески.

Ова е прва официјална посета на претседател на Република Македонија на Арапската Република Египет.