Претседателот Иванов упати честитка за победата и пласманот на ФК „Вардар“ во Лига Европа
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов им ја честита победата и пласманот во Лигата на Европа на фудбалскиот клуб „Вардар“.
- Ви ја честитам победата, историскиот успех на екипата на ФК Вардар и пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, што е најголемо постигнување за македонскиот клупски фудбал. Честитки до фудбалерите, целиот стручен штаб и до раководството на ФК Вардар. Вие со вашата мотивираност, дисциплина, желба и тимски дух покажавте дека може да се успее и да се совладаат најголемите предизвици. Вие сте позитивен пример за сегашните и идните генерации. После ракометарите и ракометарките на Вардар, повторно екипа која го носи ова славно име, ја обедини нацијата и спортската јавност. Сега слави цела Македонија. Напред Вардар, се вели во честитката.
Од Кабинетот на претседателот Иванов информираат дека македонскиот претседател синоќа во Охрид, заедно со учесниците на Школата за млади лидери, го проследил натпреварот меѓу ФК Вардар и Фенербахче.
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести