Претседателот Иванов се сретна со надлежните за превенирање и справување со кризи
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска одржа работна средба со раководителите на субјектите задолжени за превенција и справување со кризната состојба, намалување на ризикот од терористички напади и обезбедување за оддржување на изборите.
На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот Иванов, директорите на Агенцијата за разузнавање, Управата за безбедност и контраразузнавање, Бирото за јавна безбедност, државниот секретар во МВР и претставници на Генералштабот на АРМ го информираа претседателот Иванов за заканите и ризиците со кои се соочува Република Македонија, за степенот на ризик за загрозување на безбедноста на државата, начин на функционирање, предвидени сценарија, плански активности, слабости и капацитетите за одговор.
Заради постојаната закана од илегална миграција која доаѓа од територија на НАТО и ЕУ членки, во Македонија од август 2015 година до јуни 2017 година е прогласена кризна состојба, активиран е кризниот менаџмент со функционален здружен воено-цивилен штаб за заштита на границите и обезбедување на коридорите.
На работната средба беше констатирано дека субјектите во кризниот менаџмент задолжени за превенција и справување, разузнавањето, армијата и полицијата, 15 месеци постапуваат по плански активности и имаат предвидено сценарија и одговор при зголемување на ризиците од закана, соопшти кабинетот на Иванов.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден