Македонија
30. May 2018 - 16:35

Претседателот Иванов не прифаќа ерга омнес за името

За претседателот Ѓорге Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес, соопштија денеска од кабинетот на претседателот на Република Македонија.

- Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Воедно,оттаму информираат дека шефот на државата во текот на утрешниот ден ќе го прими министерот за надворешни работи Никола Димитров.