-->
-->
Претседателот Иванов не го менува ставот: Законот за јазиците останува „во џеб“
-->
Претседателот Иванов нема намера да отстапи од своите позиции за Законот за јазиците. Од Кабинетот на Претседателот за Press24 кратко велат дека нема никакви поместување во ставовите на Претседателот.
Шефот на државата веднаш по чудното донесување на Законот за јазиците во видео обраќање до граѓаните најави дека нема да го стави потписот на законско решение кое излегува од рамките на Уставот.
Ваквото однесување на Претседателот го прави веќе изгласаниот Закон за јазици практично неприменлив, бидејќи нема начин тој без неговиот потпис, во законска процедура да стапи на сила.
Согласно Уставот Претседателот е должен да го потпише Законот но нема рок во кој тој мора да ја спроведе оваа своја обврска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет