Претседателот Иванов на свечена академија по повод Денот на св. Климент Охридски
Скопје, 7 декември 2016 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе се обрати на свечена академија по повод државниот празник 8 Декември - Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, која ќе се одржи вечер во Македонскиот народен театар.
Во рамки на академијата, претседателот Иванов ќе го одликува Јован Таковски со Медал за заслуги за Македонија.
Како што соопшти Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, одликувањето на Таковски му се доделува за постигнатите исклучителни резултати во неговата долгогодишна научна, образовна и книжевна дејност во областа на богословските науки, со што даде значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот. хс/са/09:21
Ново на Сител
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот