Претседателот Иванов на состанок на лидерите од Брдо-Бриони процесот

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе учествува на состанокот на лидерите од Брдо-Бриони процесот, што ќе се одржи во Брдо кај Крањ, Република Словенија.
Предвидено е претседателот Иванов да се обрати на пленарната сесија на состанокот, а ќе одржи и повеќе билатерални средби.
На состанокот на министрите за надворешни работи што исто така се одржува денеска во Брдо кај Крањ ќе учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Се очекува на состанокот на лидерите од Брдо - Бриони процесот да бидат опфатени клучните теми и аспекти во контекст на интеграцијата на регионот во Европската унија и да бидат разменети мислења и информации за актуелните состојби и предизвици во регионот на Југоисточна Европа.
На средбата, иницирана од претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и од претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, е најавено учеството на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани и членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ.
Ново на Сител
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
-

Преглед на вестите од светот
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
