Претседателот Иванов изврши нови формациски поставувања во АРМ
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, со указ изврши нови поставувања на старешини на формациски места предвидени за генералски чин, како и на командни должности во здружената оперативна команда (ЗОК) и во првата механизирана пешадиска бригада, соопшти неговиот кабинет.
Исто така, претседателот на Република Македонија со указ назначи висок воен претставник на Република Македонија во командата на НАТО во Брисел, Кралство Белгија и воен претставник во Анкара, Република Турција.
Досегашниот командант на ЗОК, генерал мајор Васко Ѓурчиновски е назначен за висок воен претставник на Република Македонија во седиштето на НАТО во Брисел. На местото командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Зоран Милески кој досега ја извршуваше должноста командант на првата механизирана пешадиска бригада.
За нов командант на првата механизирана пешадиска бригада е поставен бригаден генерал Мирче Ѓоргоски кој е актуелен аѓутант на Врховниот командант на вооружените сили.
Со указ на претседателот Иванов, во чин бригаден генерал e унапреден полковникот Орце Јордев, командант на полкот за специјални операции. Бригадниот генерал Орце Јордев во текот на воената кариера извршува бројни командантски и штабни должности во полкот за специјални операции (пСО), меѓу кои и командант на баталјонот за специјални намени, а должноста командант на пСО ја извршува од 2015 година.
Полковникот Жарко Ристевски, пак, е назначен за воен претставник на Република Македонија во Анкара, Република Турција, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот