Претседателот Иванов го поздрави финализирањето на договорот од Пржино
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ја поздрави искажаната волја од страна на лидерите на политичките партии и постигнатата согласност во насока на имплементирање на Договорот од 2 јуни и Протоколот од 15 јули.
Во писмената изјава, претседателот Иванов повикува договорените решенија да бидат доследно спроведени и што е можно поскоро сите политички актери целосно да се посветат на европската и евроатлантската агенда на Република Македонија.
- Резултатот од разговорите на лидерските средби е уште еден доказ дека дијалогот е единствениот начин преку кој можат да се надминат сите предизвици и сите отворени прашања. Сите треба да извлечеме поука од оваа епизода и во иднина сите предизвици да ги надминуваме со политички дијалог во институциите на системот, со целосно и безусловно нивно почитување, истакнува претседателот Иванов во писмената изјава.
Ново на Сител
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното мнозинство при второто гласање во грчкиот Парламент
-
Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година
-
Ждрепка за плејофот од Лигата на шампионите
-
Граѓански протест денес на „Партизанска“ за трагичната смрт на Фросина
-
Од 1 до 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-
Најмногу снег на Попова Шапка
-
Бојкот на маркетите поради високите цени, пазарните инспектори на терен
-
Поддршката за Брегзит на најниско ниво досега, мнозинството Британци сакаат назад во ЕУ