Претседателката Сиљановска-Давкова на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска и утре ќе престојува во работна посета на Бугарија каде што ќе учествува на состанок на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија.
Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, посетата се реализира на покана на претседателот на Бугарија, Румен Радев, и кралот на Јордан, Абдула Втори.
- Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите“. За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори, се наведува во соопштението.
Во рамки на престојот во Софија претседателката Сиљановска-Давкова ќе ја посети и болницата „Пирогов“ каде што се лекуваат дел од повредените од пожарот во Кочани.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична