Претседателката на Грузија, Зурабишвили во официјална посета на Македонија
Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Нејзин домаќин е претседателот Стево Пендаровски, кој ќе ја пречека Зурабишвили пред Вила Водно на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.
Пендаровски и Зурабишвили ќе има тет-а-тет средба, а ќе се одржи и пленарен состанок на делегациите на Македонија и на Грузија.
Грузиската претседателка денеска ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Во рамки на официјалната посета предвидена е да бидат потпишани Договор за безвизен режим и Меморандум за соработка во областа на културата, а потоа претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили ќе одржат прес-конференција.
Шефот на државата и неговата колешка од Грузија ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.
Ново на Сител
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
