Претседателката на Грузија разговарала со Трамп и Макрон за „украдените избори“
Претседателката на Грузија Саломе Зурабишвили соопшти дека разговарала со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и претседателот на Франција Емануел Макрон за октомвриските парламентарни избори во Грузија, кои, според неа и опозицијата, биле фалсификувани и претставуваат изборна измама.
„Длабока дискусија со претседателите Трамп и Макрон“, напиша Зурабишвили на „Икс“, споделувајќи фотографија од разговорот. Таа беше во Париз по повод отворањето на катедралата „Нотр Дам“.
Претседателката зборувала за „украдените избори“ и репресиите врз народот на Грузија, кои траат со недели.
Зурабишвили и опозицијата ја обвинуваат владејачката партија „Грузиски сон“ за растечки авторитаризам и антизападна политика, посебно откако властите одлучија да ги суспендираат преговорите со ЕУ за членство во Унијата на четири години.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите