Македонија
22. July 2024 - 8:11

Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо во посета на Северна Македонија

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, денеска и утре ќе биде во посета на Северна Македонија.

За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со владини претставници, претставници од бизнис секторот и од граѓанскиот сектор.

- Со задоволство ја очекувам втората посета на Северна Македонија. Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции, изјавила Рено-Басо, се наведува во соопштението од Европска банка за обнова и развој. 

ЕБОР, се додава во соопштението, е главна институција во Северна Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти.