Претседателката на Антикорупциска задоволна од работата на Комисијата

Поради бавноста на институциите резултатите од работата на Антикорупциската комисија се гледаат дури по неколку месеци, оценува Транспарентност Македонија. Оттаму велат дека поради тоа се троши многу време и ресурси. Посочуваат дека условите во кои работи Комисијата се лоши, просторот кој го користат е мал и нема пристап за лица со посебни потреби.

Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска вели дека сите треба да се задоволни од работата на Комисијата со оглед на разврската на дел од случаите кои ги покрена.
Го посочи случајот со премиерот Зоран Заев кога тој беше в.д. министер за финансии.
И таа се пожали за условите во кои работат. Вели дека токму бавното реагирање на јнституциите по ова прашање ја покажува тромоста на системот.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
-

Решение за превозниците е склучување билатерални договори
