-->
-->
Претреси во КПУ Затвор Скопје, пронајдени повеќе пакувања дрога и мобилни телефони | ВИДЕО
-->
Денеска (05.03.2023) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје и тимови со службено куче од мобилната царина, под раководство на јавен обвинител спроведоа акциска контрола во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.
При контролата, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во две ќелии и притоа биле пронајдени и одземени 25 пакувања со бела прашкаста материја, шест пакувања со марихуана и 12 мобилни телефони.
По извршено вештачење и целосно документирање на случајот, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет