-->
-->
Претрес во Велес, приведени дилери
-->
На 10.06.2024 околу 16.00 часот во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода С.Т.(49), Л.Л.(37), Р.С.(32) и С.Л.(29), сите од Велес.
При претрес во домот на С.Т. и Л.Л., извршен со судска наредба и во соработка со Единицата за службени кучиња, а во кој биле затекнати Р.С. и С.Л., кај С.Т. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една дигитална вага, додека кај Л.Л. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја , таблети екстази, две дигитални ваги и пиштол „Екол“.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица