Македонија
19. August 2023 - 14:49

Претрес во кочанско, приведен дилер

Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера, во 18:00 часот) го лишиле од слобода В.Л.(47) од с. Мојанци, поради дрога.

- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка, соопштуваат од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.