Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=8.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со силен ветер и град. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Според УХМР, утре и во текот на следната работна недела во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималните температури ќе се задржат високи, а дневните ќе бидат во постепено опаѓање.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом