Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност
Времето денеска претпладне ќе биде магливо по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни со над 50 литри на квадратен метар.
На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота.
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет