Претежно сончево и топло, до 28 степени

Времето претпладнево ќе биде претежно сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до осум степени, а дневната од 22 до 28 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала локална облачност, а попладне краткотрајно облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура до 26 степени.
Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има претежно во западните делови. Во сабота уште повеќе ќе се зголеми облачноста, а во недела со зголеменото наоблачување ќе има услови за краткотраен локален дожд, особено во западните делови на земјава. Во понеделник ќе биде посвежо за неколку степени и врнежливо.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
