Македонија
5. April 2023 - 20:29

Претепано дете во ЈСП автобус

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 05.04.2023 во 10.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 17.03.2023 околу 21.15 часот во автобус на подрачјето на Карпош малолетник бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат надлежните власти.