Македонија
12. October 2017 - 13:19

Претепан кумановец со тупаници и електрошокови

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (46), Р.С. (44) и Н.С.(22), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.

На 21.август годинава околу 00,45 часот пред кафе бар на улица „Октомвриска Револуција“, по претходна вербална расправија пријавените, со тупаници и електро - шокови по телото и главата, физички го нападнале А.А.(41) од с.Љубодраг при што му нанеле повреди на лицето и главата.