Претепан екс градоначалникот на Гази Баба

На почетокот на денешното судење за ТНТ, судијата кој го води предметот рече дека поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски до судот доставил документација според која синоќа бил претепан и пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Според судијата Огнен Ставрев, Трајковски се здобил со повреди по главата и телото. По укажаната лекарска помош, тој утринава бил пуштен дома. Поради ова тој не дојде на судењето за ТНТ. Судијата Ставрев објасни дека комуницирале со надлежниот доктор кој им објаснил дека тој е во добра состојба. Поради ова судијата даде еден час пауза за да пристигне Тони Трајковско и рече дека ако не се појави во судницата за еден час, ќе побара тој да биде донесен со полиција.
Инаку на денешното судење треба да продолжи испитувањето на поранешниот министер Миле Јанакиески.
Ново на Сител
-

Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
-

Тема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
-

Опозициските партии со остри реакции за потрошените пари за прославата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори
-

Болните од рак повторно останаа без дел од терапијата - надлежните уверуваат дека лекот ќе го има утре
-

Шестмина хоспитализирани со западно-нилска треска на Инфективна, двајца во тешка состојба
-

Дејан Јованов излегува од притвор на 3 октомври, судот ќе му определи мерки на претпазливост
