Балкан
30. October 2017 - 9:19

Пресврт во инцидентот во Белград: Сигурносните камери открија што се случило

31-годишниот Владан С. од Србија, вчера направи хаос кога со огромна брзина со својот автомобил Форд влета во терасите на три кафулиња на Кнез Михајлова во Белград.
 
Момчето седнало зад воланот и притиснало на гас, со што за малку ќе убиеше млада девојка, откако петмина насилници му приредиле хорор, го нападнале и го малтретирале среде улица.
 
И снимките од сигурносните камери на кафулињата го потврдиле тврдењето на Владан.
 
За среќа, девојката која ја попрегази беше задржана во болница, и ситуацијата и е подобра. Таа за влакно избегна смрт.