-->
-->
Пресврт, наместо смена поддршка за Бенитез!
-->
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентинo Перез, на вонредната прес-конференција која ја одржа во понеделникот вечерта, му изрази полна поддршка на тренерот Рафаел Бенитез.
Откако Перез го закажа вонредниот прес, медиумите шпекулираа дека Реал ќе му врачи отказ на Бенитез, најмногу поради дебаклот во дербито со Барселона и поразот од 0:4.
„Рафаел Бенитез ја има нашата поддршка. Тој само што ја започна својата работа и загуби само еден натпревар. Оставете го да работи, ќе ги оствари своите цели“, рекол Перез.
Првиот човек на ‘кралскиот клуб’ проговорил и за дебаклот во дуелот со најголемиот ривал. Барселона, во саботата, го деклaсираpe Реал среде Мадрид.
„Од јануари годинава се влошуваат резултатите на тимот. Против Барселона одигравме лошо, но во ваков значаен натпревар ние покажавме желба за победа“, изјавил челникот на Реал.
Флорентино Перез рекол и дека постои кампања против него и актуелното раководство на клубот.
„Верувам во тоа, мислам дека постојат луѓе кои лажат со цел да му наштетат на Реал. Имам многу примери дека такво нешто постои. Лажеа дека сум вечерал со Жорге Мендеш (менаџерот на Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо) ден пред дербито со Барселона. Секогаш исти луѓе ме повикуваат да поднесам оставка, јас ќе им порачам дека не се плашам од нив. Тие му прават штета на Реал Мадрид, а не на Флорентино Перез“, рекол првиот човек на ‘кралскиот клуб’.
Перез, исто така, додал и дека шпекулациите оти Реал сака да го продаде Роналдо, се само обиди да му се наштети на клубот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови наоди за „Изгубениот град“ на дното на во Атлантскиот Океан
-
Почина осуденик во затворот К’шање
-
Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација
-
Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани
-
Маж и жена од Неготино меѓусебно се истепале па се пријавиле во полиција
-
Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"