Преспанските овоштари бараат враќање на градобијните ракети
Итно враќање на градобијната заштита со цел намалување на штетите од град врз земјоделските култури бараат земјоделците од Преспанскиот регион.
По силното невреме со град кое во саботата зафати делови од Преспа, Здружението на овоштари од овој регион алармира за преземање конкретни мерки и решавање на овој, според нив горлив проблем за земјоделците, не само во Преспа, туку и во цела држава.
Претседателот на Здружението на овоштари во Преспа Љубе Пампулевски денеска истакна дека е потребно разбивање на облаците кога при голема температурна разлика од капките дожд се формира град, кој за само 10-15 минути може да го уништи целиот труд на земјоделецот.
- Доколку сакаме да имаме земјоделство во Република Македонија и евтини земјоделски производи мора веднаш да се врати градобијната заштита. Цената на увезените земјоделски производи е многу повисока во однос на оние што се произведуваат кај нас. За да се заштитиме себеси и производството мораме да го направиме тоа што поскоро, бидејќи многу семејства живеат од земјоделие, изјави Пампулевски за МИА.
Преспанските земјоделци бараат средба со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на која повторно ќе побараат преземање на сите мерки за итно враќање на градобијната заштита, кои функциноирале и порано.
- На почетокот од годината министерот најави поставување автоматизиран систем за заштита од град по примерот на Украина, но нас ни треба во најбрзо време бидејќи секојдневно се соочуваме со невреме од град. Во моментот од градот е зафатена над 20 отсто од вкупната површина во Преспа, истакна Пампулевски.
Најпогодени од градот што во саботата зафати делови од Преспа беа атарите на селата Грнчари, Асамати, Раица, Курбиново и Претор. На терен треба да излезат комисии кои ќе прават проценки на штетата. Покрај во Преспа изминатиот период врнежи од град зафатија и други делови од Македонија.
Ново на Сител
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина