Пресметките на енергетските компании најавуваат зголемување на сметките за струја
Производната цена на струјата на ЕСМ ќе порасне од сегашните 36 евра на над 40 евра за мегават час, велат извори за Сител. Таа е еден од главните критериуми за формирање на цената за домаќинствата. Според досегашните пресметки кога на овој износ ќе се додадат трошоците на Мепсо и оние за увоз на струја би можело цената за граѓаните да се зголеми многу повеќе од 10 отсто како што првично се најавуваше.
Во меѓувреме во опбид да се зголеми домашното производтсо за да не се набавува скапа струја, владата вчера донесе одлука по повеќе од 10 години да ја стави во фунцкикја централата во Неготино, а ЕСМ го задолжи да набави мазут. Постаката за обезбедување на количините ќе почне од понеделник. Експертите со поделени мислења околу одлуката. За едни е добра, за други скапа и закаснета опција.
Според Дединец пак ТЕЦ Неготино во моментов е единстевена опција.
Подобро е да се стави во функција, отколку да се набавува струја. Цената по која ќе произведува ќе биде пониска, ќе изнесува некаде меѓу 150 до 180 евра за мегават, додека на берзите достигна и над 300 евра, вели за Сител, Александар Дединец.
Вкупниот капацитет на ТЕЦ Неготино е 180 мегавати. За да работат двата котли , месечно се потребни и над 30 илјади тони мазут. Првиот човек на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ вели дека резервите со кој кои располага централата се за 4 до 5 дена. Планот е Неготино да функционира од декември до април. Струјата ќе се користи за домаќинствата и за Мепсо , а вишоците да се продаваат на бизнисот по пониска цена.
Иако долго време е како ладна резерва и не работи , надлежните не очекуваат да имаат проблеми откако ќе стартува. Експертите сметаат дека кога ќе се стави во погон, тогаш ќе се видат сите мани.
Од друга страна, цената на струјата на светските берзи , никако да почне да се паѓа, достигна и повеќе од 300 евра за мегават час.
Цената пак на светските берзи надмина 300 евра за мегава час, што е за 6 пати повеќе од стартот на година.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар