Прерано замина актерот: Ќерката се обвинува за смртта на Ѓоша
Актерите останаа без уште еден колега - Богољуб Митиќ Ѓоша кој вчера почина во 49 година од животот. Ништо не укажуваше на фаталниот исход., Ѓоша последните 3 дена се жалел на настинка, а на крајот го издаде срцето. Вчера во шест часот наутро во креветот мртов го пронајде ќерката Наталија.
Ќерката, велат негови пријатели, сега се обвинува за смртта на таткото зошто не бил будна кога му се слошило.
-Утрото околу 7 часот, ми заѕвони телефонот, гледам дека е Ѓоша, кога тоа Наталија вреска: „Чичо Ивко, те молам дојди, тато умре“/ Била со соседката во станот и зборуваше: „Тато умре, јас сум виновна“. Таа себеси се криви што не била будна кога му се слошило. Мисли дека смртта можела да се спречи ако веднаш му била укажана лекарска помош. Лекарите констатирале дека смртта настапила во 4 часот утрото како последниц од срцев удар зошто се се поклопило: вчерашното време, настинката и неговите килограми, раскажува Ивица.
Пријателот на Ѓоша вели дека актерот одбивал да оди на лекар.
-Три дена беше настинат, тешко дишеше. Вчера требаше да одиме за Нови Сад, но не изгледаше добро. Го терав да оди на лекар, но одбиваше и ми рече само дека му треба малку свеж воздух. Тој инаку беше своеглав по прашањето за здравејто, зошто се му беше поважно од тоа. Жената и децата го убедуваа да оди да се прегледа. Во Нови Сад ручавме со пријателите, а кога тргнавме за Белград, ми рече: „Не можам да возам, нешто не ми е добро“. Го донесов дома околу 23 часот и се договоривме утредента да се видиме на кафе. Беше буден околу еден, а ќерката Наталија отиде да спие. За жал тоа беше нашата последна средба, вели Ивица низ солзи.
Ќерката Наталија за српски Курир раскажува што се случило вчера.
-Тато ненадејно умре од срцев удар. Тешко ми е многу. Не сум уште свецна дали е тоа вистина, не можам да прифатам. Беше добро, но немаше здравствени проблеми, освен настинката која траеше три дена. Го пронајдов мртов во кревет. Изгледаше страшно. Се спремаме да одиме во Власотинце, каде што е погребот. Во шок сме сите, вели ќерката на Ѓоша.
Телото на покојниот вчера од Белград е пренесено во неговото Власотинце, каде ќе биде погребан денеска околу 17 часот. Ќерката Наталија и натаму е под лекови, и вчера заедно со сопругата на Ѓоша заминаа кон Власотинце, каде ги пречекаа мајка и и другата ќерка.
Ново на Сител
-
Завршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес
-
Петнаесетгодишно девојче застрела две лица во приватно училиште во САД, а потоа изврши самоубиство
-
Најмалку 100.000 луѓе се погребани во масовна гробница во близина на Дамаск, соопшти невладина организација
-
Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во ЕУ, најавува холандскиот шеф на дипломатијата
-
Претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност
-
Мицкоски: Груби заедно со стопанственик со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово
-
Уште две деца повредени по новиот предизвик на „Тик ток“, хоспитализирана 15-годишна девојка
-
Вооружен грабеж во „Комерцијална банка“ во Чаир