Препораки за заштита од високите температури
Граѓаните да се заштитат од директно изложување на Сонце, да избегнуваат излегување надвор од 11 до 17 часот, да носат лесна облека, заштитни очила и капа, да конзумираат лесна храна и пијалоци, да обрнат внимание на подготвувањето и конзумирањето на храната, да се избегнуваат термички подготвени производи, како на пример мајонез од домашни јајца и внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови, да внесуваат поголема количина течности, најдобро обична вода и да избегнуваат алохолни пијалоци.
Ова се дел од општите препораки на кои укажа Институтот за јавно здравје на Република Македонија, за заштита од високите температури поради тоа што земјава е зафатена од жолтата фаза.
Се препорачува за време на овие многу топли денови да се остане во затворени простории главно климатизирани, а кога е потребно да се биде надвор за овој временски период, да најдат можност за почести одмори под сенка.
Најзасегнати пациенти од зголемувањето на температурите се болните со хипертензија, срцеви болести, бронхијална астма, хроничен бронхитис, опструктивна хронична пнеумопатија, дијабетес, тиреотоксикоза, инсуфициенција на бубрезите, ментални и нервни болести, како паркинсонова, алцхајмерова болест, шизофренија, деменција итн.
Можни се гастро-интестиналните инфекции и интоксикациите со храна. Инфекциите од храната, се предизвикуваат од салмонела, шигела итн, како на ниската лична хигиена, од јадење на неподготвен зеленчук, неподготвена или неправилно конзервирана храна како: месо, јајца, салами, морски плодови, млеко, салати итн.
Интоксикациите поради храната доаѓаат од прехранбените производи со токсична содржина на стафилококус, паразити итн. Интоксикациите се случуваат од употребата на храна со поминат рок, храна што е неправилно приготвена, или неправилно стоплена итн.
Топлото време го зголеми и бројот на здравствените прегледи во здравствените установи во земјава, информира Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Баерн загуби на домашен терен од Баер, Нојер доби црвен картон
-
Палејќи оган да се затопли ја запалила куќата, 82 годишна жена загина во пожар во Косевица
-
Авиолинија од Скопје до Париз со „Изиџет“ следната година
-
Гвардиола: Веројатно многу личам на Мурињо...Но тој освои три, а јас шест титули во Премиер лигата
-
Леао: Фудбалерите на Милан на натпреварот против Сасуоло покажаа што сакаат оваа сезона
-
Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
-
Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров