Македонија
30. December 2017 - 11:56

Преполовени нивоата на Црна, Сатеска и Вардар кај Јегуновце

Двојно пониски се нивоата на Вардар кај Јегуновце, Сатеска кај Ботун и Црна Река кај Новаци во однос на просекот за декември, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Намалени се и водостоите на вардар кај Скопје (Зајчев Рид) и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Крива Река кај Крива Паланка.

Повисоки вредности од просекот се измерени на Вардар кај Велес, Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани. 

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамки на просекот.