Преполовен долгот на образовните институции во Кочани
Општина Кочани ја намали за половина задолженоста во образованието, при што од наследените 43 милиони денари, долговите се сведени на 20 милиони денари.
Средствата за отплата се обезбедени од Министерството за финансии со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од нив за финансирање на доспеани, а ненаплатени обврски.
Пријавената состојба како долг на општинските образовни институции во Кочани, заклучно со септември 2018 година изнесувала неколкукратно повеќе од нивните годишни буџетски можности, а најголем проблем за финансирање им бил бесплатниот превоз.
-Постепено го нормализираме финансиското работење на училиштата, кои беа заглавени во долгови, пред сè за обврски за превоз на учениците, а најголеми должници ќе останат средното училиште „Гошо Викентиев“ и основното „Никола Карев“. Со одлука на Советот на Oпштината пренаменивме средства со кои го расчистивме долгот во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, а со поддршка од државниот буџет сите долгови на училиштата ќе ги отплатиме до средината на идната година, истакна Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Според Илијев, намалувањето на долговите во училиштата придонесува за решавање на тековните проблеми во нормалното функционирање, а ќе се ослободат и средства за нови инфраструктурни инвестиции.
Ново на Сител
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови