Премиерот Заев утре во посета на Бугарија

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев утре ќе престојува во Република Бугарија, каде ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов. На средбата, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе стане збор за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Премиерот Заев ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.
Програмата започнува со заедничко положување на венец пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147-годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми и министерот за култура на Република Бугарија Боил Баново.
За време на посетата министрите за култура на двете земји, Боил Баново и Асаф Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Ново на Сител
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
