Премиерот Заев се сретна со канадскиот амбасадор Пинингтон
Владата на Република Македонија презема се што е потребно да го отвори патот кон евроатлантските интеграции и со тоа да го обезбеди и да го осигура квалитетот на живот на граѓаните, истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба со амбасадорот на Канада Филип Пинингтон.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, Заев укажал дека има големо иселување од Македонија, претежно на млади луѓе.
- Еден од приоритетите на Владата е обезбедување перспектива, работни места и достоинствени плати за задржување на младите во земјавата и враќање на оние што заминале. За таа цел се обврзавме на амбициозен план 3-6-9, во чија реализација го интегрираме целото општество, потенцирал премиерот.
На средбата е констатирано дека ваквите инклузивни политики на македонската Влада и исчекорот кон добрососедските односи имаат поддршка и од меѓународната заедница, што придонесува во градењето доверба кон Република Македонија како држава која заслужува да оди напред.
Канадскиот амбасадор упатил честитки до Заев за стапувањето на должноста премиер, но и за формирањето на Владата низ, како што истакнал, мирен, демократски процес, по длабоката политичка криза во земјата.
Пинингтон ја поздравил реформската определеност на Владата, која, како што оценил, се одразува со видлива промена на расположението кај граѓаните и оптимизам дека позитивните промени во државата стануваат реалност. Воедно соопшти дека Канада ја поддржува Македонија во НАТО аспирациите.
На средбата се разговарало и за можноста за продлабочување на односите меѓу Република Македонија и Канада во делот на економијата. Постои согласност дека реформите што водат кон владеењето на правото и обезбедување сигурност на инвестициите се охрабрувачка порака кон канадските бизнисмени, кај кои постои интерес за Македонија.
Заедничка била и согласноста дека на регионот му треба стабилност и гледање кон иднината, како и дека неговиот напредок отвора заедничка перспективна иднина за сите држави, меѓу кои и за Република Македонија.
Ново на Сител
-
Штипска Апелација за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници ќе одлучува утре
-
Украина го обвини главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид
-
Фудбалски судија пријавил напад од голман и физиотерапевт од Влазрими Кичево
-
Уште тројца повредени од пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш
-
18-годишна девојка пријавила дека била допирана од машко лице на автобуска постојка во подрачјето на Центар
-
Одбележан Денот на Генералштабот на Армијата
-
Пад од 38,8 отсто на заболените од грип во државава
-
Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Кочани, за двајцата градоначалници ОЈО поднесе жалба до Апелација