Премиерот Заев најави нов закон и поголеми субвенции за тутунот
Нов закон за тутун најави на синоќешниот предизборен митинг во Прилеп лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.
Согласно законот, субвенциите ќе се зголемат и наместо 60 денари како сега, ќе изнесуваат 70 или 80 денари, зависно од класата. Целта е, рече Заев, производителите да се мотивираат и поттикнат да добијат подобар квалитет.
- Тутунот ќе биде поделен во три класи и за секоја ќе има субвенција. Вкупно 80 денари за прва, 70 за втора и 60 денари за трета класа. Ќе одиме со стимулативни политики во земјоделството, се што ќе значи 10 отсто поголемо производство, покрај субвенциите ќе добие и награда, само за да расте обемот на производството, подвлече премиерот.
Според него, тутунот не може да остене само на приходот од листовите, туку ќе се развива комплетно. - Цветот ќе се користи за енергија, а ќе се употребува и стеблото, како што прават многу модерни земји со современи технологии. Ќе поддржиме се што носи повеќе пари, за подобар живот, порача Заев од Прилеп.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор