-->
-->
Премиерот Заев му ја честиташе изборната победа на Себастијан Курц
-->

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, му ја честиташе изборната победа на парламентарните избори на лидерот на австриската конзервативна Народна партија, Себастијан Курц.
- Република Австрија игра важна улога за стабилноста на регионот на Западен Балкан и се надевам дека заеднички, и во светлината на ЕУ аспирациите на Република Македонија, ќе придонесеме кон постабилен и просперитетен регион, вели премиерот Заев во честитката до својот колега Курц.
Заев потенцира дека за Република Македонија од особена важност е и продлабочување на билатералната соработка со Република Австрија, за што, како што вели во честитката, очекува заложби од двете страни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Четворица кандидати ќе се борат за градоначалничкото место во Брвеница
-

Премиерот најави дека МВР следи неколку случаи за барање мито во државни институции
-

Новата когенеративна централа треба да го поевтини парното греење
-

Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ на земјава
-

Досега евидентирани 138 шумски пожари, штетите милионски
-

Жените земјоделки докажаа дека се столбот на оваа гранка во Македонија - по 5 пат во Прилеп - „Млеко 2026“
-

Започнува модернизацијата на пазарот во Ново Село, инвестиција вредна над 11,5 милиони денари
-

Неопходно е да се направи дигитална археолошка карта
