Премиерот Заев ќе се обрати на панел дискусија на Универзитетот Колумбија во Њујорк

Премиерот Зоран Заев утре во Њујорк ќе има воведно обраќање на Универзитетот Колумбија, во рамки на панел дискусијата „Нов почеток на Балканот: Враќање на демократијата и обнова на животната средина во склад со Целите за одржлив развој.“
Настанот е организиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Швајцарската агенција за развој и соработка и Универзитетот Колумбија во Њујорк, и е дел од серија значајни настани што се одржуваат неделава во Њујорк по повод Генералното собрание на Обединетите нации.
На панел дискусијата, како што соопшти канцеларијата на УНДП во Скопје, ќе учествуваат и Елизабет Линденмаер, директорка на факултетот за меѓународни организации и студии за Обединетите нации од Универзитетот Колумбија, Магди Мартинез-Солиман, помошник генерален секретар на ООН и Директор на одделот за политичка и програмска поддршка на УНДП, како и Џихан Султаноглу, помошник генерален секретар на ООН и директор на Регионалниот оддел на УНДП за Европа и Централна Азија.
На настанот ќе биде прикажан и наградуваниот документарен филм „Езеро од јаболка“, во продукција на Љубо Стефанов и Тамара Котевска. Филмот ја раскажува успешната приказна за обновата на екосистемот на едно од најстарите езера во светот - Преспанското Езеро.
Во изминатите 15 години, УНДП, Швајцарската агенција за соработка и развој и Општина Ресен вложија 15 милиони долари за спас на Преспанското езеро.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
